Роналдињо се расплака и постигна хет-трик (видео)

Роналдињо потсети на своите најдобри времиња откако одигра фантастичен меч за својот Атлетико Минеиро, предводејќи го до убедлив триумф од 6:0 над составот на Фигуиренсе.

По првиот гол, со кој го прекинат постот, Роналдињо веднаш клекна на колена и се расплака, со што на површина испливаа сите емоции на некогашниот најдобар фудбалер на светот. Потоа, на теренот можеше да се види стариот, добар Роналдињо.

{youtube}D9vZ7gpTrkg{/youtube}

Поранешниот член на ПСЖ, Барселона и Милан делуваше брилијантно на теренот постигнувајќи хет-трик, а згора на тоа имаше и две асистенции до своите соиграчи.

- Реклама -