Рама: Сонувам за нешто големо, а тоа не е Голема Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама сонува за нешто големо, а тоа не е Голема Албанија, така барем изјави во Брисел по средбата со претседателот на Европската комисија – Жан Клод Јункер.

Прашан од српската агенција Танјуг дали „обединувањето на Албанија со Косово“, за кое често говори, е некаква конкретна стратегија или (само) вид притисок врз дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и Европската унија, Рама низ по малку бизapна игра на зборови одговори дека тој зборува „за нешто големо, но тоа не е Голема Албанија, туку голема ЕУ со Србите, Македонците Албанците заедно во неа“.

Како што образложи Рама, земјите од Западен Балкан се во рамките на европските граници, но се „како орган кој се влече по телото и не е на своето место…. ЕУ мора да одлучи што ќе прави со тој орган. Дали ќе го пушти да иcкpвapи, или ќе го прими како дел од телото и ќе постави сè на свое место“, порача Рама.

 

- Реклама -