Нови Пазар повторно хит во регионот: Видете како асфалтираат улица (ВИДЕО)

Минативе денови Нови Пазар се прослави со скандалозно „чистење“ на реките. Денес на менито имаме нова „генијалност“.

Како што може да се види од снимката, работниците, при санирањето на улица во Нови Пазар, врелиот асфалт со лопати го сипуваат директно во дупката, иако таа е преполна со вода.

„Архимедов закон – ставаш асфалт, водата излегува надвор…“, се шегува еден твитерџија. „Да, и после можеш да си го однесеш асфалтот дома, како капак за тенџере, ако притоа не ти се скрши како бисквита“, додава друг.

„Овие тројца, возачот на камионот, нивниот шеф, па и тие две лопати и количката, никогаш веќе да не проработат во градежништво. Да се исфрлат и забраната да им се истетовира на чело. Тоа е единствениот исправен начин“, коментираат други, посочувајќи дека работниците исто така работат и без заштитни маски.

- Реклама -