„Жив“ флacтер што санира cpцеви удapи наскоро ќе биде тecтиран на луѓе (ВИДЕО)

Замислете фластер составен од милиони живи матични клетки (што значи дека не може да биде отфлен како страно ткиво), со димензии од 3×2 сантиметри, одгледан во лабораторија, кој се зашива на срцето и потоа се претвора во здрав и функционален срцев мускул, со тоа санирајќи ја штетата настаната при срцев удap.

Е баш таков наскоро ќе биде тестиран на луѓе, откако резултатите од експериментите врз зајци првично потврдуваат дека е безбеден, соопштија научниците од Imperial College London на конференцијата за болести на срце во Манчестер. Според научниците, тестирањата на луѓе би требало да започнат во следниве две години.

Покрај горенаведените карактеристики, фластерот ќе ослободува и хемикалии кои ги поправаат и регенерираат постоечките срцеви клетки.

Срцеви удapи настануваат кога запушена артерија го блокира протокот на крв до срцевиот мускул, при што тој останува без кислород и нутриенти. Тоа може да ја оштети срцевата пумповна моќ и да доведе до неизлечиви „дефекти“ на срцето.

Оттаму, „фластерот“ на научниците од лондонскиот колеџ отвара многу потенцијални третмани:

„Еден ден, се надеваме, срцевите фластери ќе се најдат меѓу третманите кои докторите рутински им ги препишуваат на луѓето по доживеан срцев удap. Би можеле на пaциeнтитe да им ги препишуваме покрај вообичаените лекови, едноставно имплантирајќи ги кај оние на кои им се потребни“, вели д-р Ричард Џабур – еден од истражувачите.

„Срцевите болести се сериозна неизлечива состојба која го менува животот на човекот, правејќи ги секојдневните задачи многу потешки. Кога би можеле да го ‘закрпиме’ срцето и да му помогнеме да се залечи, тоа би им ја трансформирало иднината на овие луѓе“, вели проф. Метин Авкиран од  British Heart Foundation, која го финансирала истражувањето.

- Реклама -