BMW планира уште две модификации на Серија 2

Гамата модели од семејството на BMW Series 2 се проширува, иако возилото сѐ уште не се појавило на пазарот. Според последните податоци во него ќе влезат купе со четири врати – BMW Series 2 Gran Coupe и караванска изведба – Gran Sport Tourer.

Од извори блиски на баварскиот производител се дознава дека во BMW планираат да го опремат идниот модел од Серија 2, Gran Sport Tourer, со една врата од страната на возачот и со две помали од другата, за патниците, како кај Hyundai Veloster.

Според инженерите овој зафат ќе го направи возилото  поспортско и поекономично. Освен тоа, во дизајнот на машината ќе бидат искористени елементи од познатиот BMW 1600/2002 Touring од 60-тите години на минатиот век.

Очигледно Gran Sport Tourer ќе биде нешто меѓу купе и караван. Што се однесува до Series 2 Gran Coupe, тогаш таму изненадувања во каросеријата не се очекуваат. Овој модел ќе се фокусира на пазарите во САД и Кина, каде што клиентите го ценат изгледот на внатрешноста, но не сакаат да се помират со ограничување на бројот на вратите.

Интерсното е дека за разлика од прикажаниот во Париз хечбек со преден погон Active Tourer, идните модели на BMW Series 2 ќе бидат со класичен пренос на задните тркала.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -