Разрешена најголемата дилема во државата: Не, Османи не пресадил коса и не носи перика

Со месеци наназад во медиумите и на друштвените мрежи актуелна била косата на вицепремиерот Бујар Османи, пишува „Фокус“. Денеска, во директно интервју со Османи, конечно е разрешена дилемата. Пресадувал ли Османи коса? Носи ли перика? Како има повеќе коса? Што е тајната? ШТО Е ТАЈНАТА???

Тајната, „открива“ Османи, е неговиот (условно речено) нов бербер од Скопје, од кого е многу задоволен, како и тоа што косата ја носи малку подолга, ака. потпорасната. Кој би претпоставил, нели? (Сè за косата на Османи, па и повеќе од тоа, прочитајте ТУКА).

- Реклама -