Тојота подготвува наследник на Supra заедно со BMW

Откако Тојота и BMW ги претставија првите планови за соработка, веќе се појавија и најави дека Јапонците сакаат да направат нов спортски автомобил заедно со баварскиот концерн.

Во интервју за Autoblog, шефот на британската филијала на Тојота, Џон Вилијамс, изјави дека компанијата започнува развој на нов модел, кој ќе биде наследник на легендарната Supra. Според Вилијамс, Тојота треба да го искористи успехот на GT86 и да се развива во соодветна насока.

Новиот модел ќе биде хибрид, кој ќе располага со најсовремените технологии на Јапонците и на BMW, а во гените ќе носи ДНК на култ изведбите, како Celica, Supra и MR2.

Ова е модел што ќе биде спакуван од Јапонците, но не се наведува што е тоа што BMW ќе користи од Тојота, што е особено интересно по разводот на Баварците со Peugeot.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -