Со оро и македонски и албански знамиња се слави победата на Пендаровски (ВИДЕО)

Гласовите се бројат, но поддржувачите на Стево Пендаровски веќе почнуваат да ја слават победата. Се слави со оро, зурли, тапани, македонски и албански знамиња. Се слави и пред штабовите на СДСМ, објави „Плусинфо“. Видео од славјето ќе најдете ТУКА.

Според податоците на ДИК, во моментов, по 71,85% обработени од вкупниот број избирачи, Стево Пендаровски е во голема предност пред Гордана Силјановска-Давкова – од 59.887 гласа. За него гласале 308.323, а за Силјановска – 248.436 гласачи.

20.302 ливчиња се неважечки.

 

- Реклама -