Земјотрес на Филипините, се истури базен од облакодер (ВИДЕО)

Филипините вчера ги погоди земјотрес од 6.3 степени. Луѓето се исплашија, зградите се нишаа, но за среќа цунами немаше, барем не од океанот.

„Цунамито“ се случи на врвот на облакодерот Anchor Skysuites, во областа Бинондо во главниот град Манила. Во едно од највпечатливите видеа, се гледа како се истура базенот од еден од луксузните апартмани во релативно новиот облакодер отворен во 2015-та, еден од највисоките во областа и највисок во сите кинески квартови низ светот, а надвор од Кина.

Како што се гледа од видеото објавено од Manila Bulletin Online, водата не ни стигнува да падне на земјата – веќе на половина од 190-метарскиот облакодер се претвора во пареа.

Во центарот на Манила:

Во меѓувреме, еве како тоа изгледаше во базен во Пампанга, област северозападно од Манила:

- Реклама -