Дерковски на Фејсбук: Еве сме во ДИК, го чекаме овој со пиштoлoт да дојде (ВИДЕО)

На вчерашната трибина на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Гостивар, еден од граѓаните, револтиран од тоа што, според него, Државната изборна комисија бришела живи гостиварчани од гласачкиот список, побара од Пендаровски да се преземе нешто итно „за тие горе во ДИК“.

„Ја не знам… требе… се налутив, вика ќе појда дури таму. Не може жив човек да го избришат од список!“, револтирано раскажуваше граѓанинот, по што Пендаровски го охрабри со „И да им појдеш, зошто да не“, непретпоставувајќи дека веќе во следниот момент работата ќе ескалира:

„Море би ги отепал со пиштoл, не со нешто друго. Еве, ја тоа кажувам“, порача граѓанинот, уште повознемирен од претходно (22:40 во видеото).

Дел од публиката се стаписа, дел ракоплескаа и се смееја, а дел негодуваа. Пендаровски, пак, брзо ја смени темата.

Утрово, следуваше мала провокација и од претседателот на Државната изборна комисија – Оливер Деркоски, пренесува „Плусинфо“.

„Добро утро од ДИК. Еве го чекаме тој со пиштoлoт што му беше речено да дојди. Шта речи а не заплакати“, се пошегува Деркоски на Фејсбук.

Сепак, на Деркоски, се чини, не му е само до шега.

„Ова секако не е нормална реакција на гласач, без разлика каков проблем постои. И досега сме имале зaкaни, но првпат се толку сериозни“, вели тој во изјава за „Слободен печат“, повикувајќи ги МВР и Јавното обвинителство да покренат постапка.

Според Деркоски, загрижувачки е и што Пендаровски го поддржал гласачот (иако тој тоа го направи пред граѓанинот да се изјасни дека сакал „да ги oтeпа“), па му порача, како и на другите претседателски кандидати, да внимава што зборува на митинзите. Изјавата што се однесува на Пендаровски прочитајте ја ТУКА.

 

- Реклама -