Анкета на „Телма“: Пендаровски ја зголемува разликата пред Силјановска

Најновата анкета на „Телма“ покажува дека Стево Пендаровски е во предност во изборната трка пред противкандидатката за претседател – Гордана Силјановска-Давкова. 27.2% од испитаните дале поддршка за Стево Пендаровски, 23.5% за Силјановска, а 11% за Блерим Река. Со тоа предноста на Пендаровски изнесува 3.7 процентни поени.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 967 испитаници, во периодот од 07.04 до 11.04.2019, од Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС, а по нарачка на „Телма“.

Како што пишува „iportal.mk“, ако оваа анкета – направена по почетокот на кампањата, се спореди со претходната анкета направена пред почетокот на истата, се забележува раст на предноста на Пендаровски пред Силјановска. Со речиси 4% предност во првиот круг, на Пендаровски би му била речиси загарантирана победата во вториот круг, со оглед дека Силјановска нема поддршка од етничките Албанци, пишува порталот.

- Реклама -