MMA борец му ги соблече гаќите на противникот (ВИДЕО)

На настанот на најсилната европска ММА организација – полската KSW, во Лоѓ, Полска, публиката имаше прилика да види една прилично ретка, по малку и бизарна, но забавна ситуација. Во борбата нa Фил де Фрајс и полјакот Томаш Наркун, задникот на Британецот во еден момент буквално остана без гаќи.

Немајќи излез, а во очаен обид да се извлече, Полјакот го зграпчи де Фрајс за гаќите и му ги повлече надоле, на општа смеа на публиката. Се насмеа и де Фрајс, па веднаш се поприбра, додека Полјакот доби опомена од судијата.

На крајот Британецот победи со едногласна судиска одлука.

 

- Реклама -