Уште еден пропуст на „Facebook“: Илјадници имале увид во корисничките лозинки

Педро Канахути – потпретседателот за инженеринг, безбедност и приватност во „Facebook“, потврди дека компанијата чувала стотина милиони кориснички лозинки во обични текстуални датотеки, објави The Independent. Со зборовите на Канахути, лозинките биле сосема лесно видливи за илјадниците вработени во компанијата, со што тие всушност имале и пристап до корисничките профили на мрежата.

За утеха, барем ако е точно уверувањето од Канахути, засега нема докази дека било кој од вработените во Фејсбук ги злоупотребил своите овластувања. Сеедно, ако вашиот профил и лозинка биле помеѓу оние чуваните во обични текстуални датотеки, наскоро ќе бидете известени од самата мрежа.

Според проценките на компанијата, се работи за стотина милиони корисници на Facebook Lite, десетици милиони корисници на други верзии на Facebook и десетици илјади корисници на Instagram.

„За нас не постои ништо поважно од заштитата на информациите на корисниците. Постојано работиме на нашите системи на безбедност и приватност“, додава потпретседателот за инженеринг, безбедност и приватност.

- Реклама -