Фолксваген го потврди доаѓањето на новиот Phaeton

Шефот на одделението за развој и истражување во германскиот концерн, Улрих Хакенберг, официјално објави дека веќе се работи на новиот Volkswagen Phaeton и тој ќе биде подготвен за сериско производство во 2015 година.

Според Хакенберг, репрезентативниот седан ќе биде изграден на нова модуларна платформа на Фолксваген, за чија конструкција ќе се користи алуминиум. Внатрешноста исто така ќе биде од алуминиум, а тоа  секако ќе ја направи лимузината доста полесна, што меѓу другото ќе придонесе да се намали потрошувачката на гориво. Сосема можно е да има и хибридна верзија по примерот на Audi A8 Hybrid.

Целта е новиот Phaeton да успее да се врати на пазарот во Северна Америка, од каде поради низок интерес престана да се продава во 2006 година. Од Фолксваген се на мислење дека еден од најсериозните конкуренти на следната генерација на луксузната машина ќе биде Jaguar XJ.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -