Се прекачила преку оградата за да направи селфи со пантерот… Исходот е очекуван (ВИДЕО)

Жена во зоолошката во Аризона се прекачила преку ниската заштитна ограда за да направи подобро селфи со црниот пантер. За нејзина несреќа, животното не било многу расположено за сликање.

На пантерот не му требало долго за да ги провлече шепите меѓу решетките и да ја докачи со ноктите. Жената веројатно ќе поминела и многу полошо ако не му се заплеткале во нејзиниот џемпер, момент што еден од очевидците го искористил за да ја оттргне жената подалеку од оградата. Иако со доста сериозни повреди и длабоки посекотини, таа не е во животна опасност.

Не е во животна опасност ниту пантерот, иако ова му е втор ваков инцидент. Директорот на зоолошката – Мики Олсон, изрази жалење за нападот, но потврди дека животното нема да биде „еутаназирано“, бидејќи сепак и во двата случаи се работи за човечко невнимание. Тој истакна дека заштитната ограда е поставена таму со причина и се пожали дека не знаат што повеќе да направат за да ги предупредат посетителите дека треба да ги почитуваат предупредувањата и пред сè – оградите.

Ако ви се гледаат нецензурирани рани, видеото ќе го најдете ТУКА.

- Реклама -