Путин во џудо спаринг со олимписки шампион, заработи повреда: Нема да плачам, не сум девојче (ВИДЕО)

Во четвртокот, по разговорот со Ердоган и Башар ал-Асад во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин му се придружи на тренингот на националниот џудо тим.

Додека имаше џудо спаринг со носителот на златото од 2016-та – Беслан Мудранов, Путин заработи повреда на прстот.

„Тоа е добро познат медицински факт: кај лицето кое вежба се зголемува нивото на адреналин, па така му се поправа и расположението. А тогаш имате поинаков поглед на светот околу себе. Можам да речам дека тоа (повредата) веројатно ми помогна да се вратам во реалноста“, се пошегува Путин.

Ден подоцна, Путин имаше уште еден тренинг, овојпат во хокеј, на мразот во Олимпискиот парк во Сочи, во друштво на неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. За време на паузата, Путин проговори за повредата при тренингот во џудо:

„Ништо де, го истегнав малку прстот, малку го скинав ноктот. Во ред е, не сум девојче, нема да плачам. Иако, нашите девојки се многу силни“, му се обрати Путин на Езио Гамба, генералниот менаџер на руските џудо селекции.

- Реклама -