Тешка одлука за докторите: На 20-годишна патничка од автобусот ѝ е ампутирана ногата

Според последните информации, шестмина повредени во трагичната сообраќајна несреќа кај Ласкарци сè уште се во тешка состојба. Четворица се на КАРИЛ со тешки повреди на абдоменот и главата.

Меѓу повредените е и 20-годишна девојка, која во болницата „8 Септември“ била примена во животнозагрозувачка состојба. По консултацијата на лекарскиот конзулиум и одлуката дека е неопходно, на девојката ѝ е извршена ампутација на ногата.

Покрај нив, хоспитализирани се уште 28 повредени, двајца се во критична состојба со повреди на главата. Шестмина се пуштени на домашно лекување.

Ноќеска во ГОБ „8 Септември“ биле оперирани 14-годишно момче и 40-годишен маж.

Билансот на жртвите останува 14. Со бројката од 15 се шпекулираше поради недоразбирање меѓу медиумите, но и институциите, кое настанало поради тоа што патникот го имал сменето презимето.

- Реклама -