Хирургот Бајрамовски за „НОВА“: Беше страшно и тешко, веќе 27 часа сум на работа

Семејствата на повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци од утринава веќе можат да ги посетат своите најблиски во Градската болница „8 Септември“. Предност имаат роднините на патниците кои се потешко повредени, пренесува „НОВА“.

Нивната екипа разговарала и со Иван Бајрамовски, специјалист по дигестивна хирургија, раководител на Одделот. Вели дека веќе 27 часа е на работното место.

„Ноќта беше стресна и тешка. Веднаш штом го добивме повикот од Брзата помош, сите беа повикани на работа: анестезиолози, специјалисти трауматолози. Во болницата беа присути повеќе од 90 проценти од целиот медицински кадар на болницата“, вели тој.

Бајрамовски, од сите случувања вчера поврзани со несреќата, како едно од најшокантните го издвоил моментот кога млада 20-годишна девојка дошла во болницата контактибилна и свесна, по што одеднаш ситуацијата ѝ се влошила. Прочитајте на „НОВА“.

- Реклама -