Рекорд: Развод по само три минути брак

Младоженци се развеле по само три минути откако го склучиле бракот. Тоа е потенцијално најкраткиот брак на светот, а дефинитивно најкраткиот во историјата на Кувајт.

Чашата ја прелеал моментот кога на излегување од судот, веднаш по потпишувањето на заветите пред судијата кој ги венчал, невестата случајно се сопнала, а младоженецот ја нарекол „глупача“. Жената збеснала, се вратила кон судијата и побарала веднаш да го поништи бракот. Судијата го исполнил барањето, пренесува Daily Mail.

Постапката на невестата на друштвените мрежи беше поздравена со гласен „аплауз“ од лајкови и поддршка. Се спасила во последен момент, но на време, сложни се коментаторите.

 

- Реклама -