Австрија лани протерала над две илјади Срби, Словаци, Македонци…

Минатата година Австрија протерала околу 4.700 лица, а најголемиот дел се Европјани. Повеќе од 60% од протераните се со потекло од европските земји, пренесе австриското радио „Ое1“.

Meѓу протераните најмногу има Словаци, Срби, Унгарци и Романци. Дури 2.100, од протераните лица биле граѓани на ЕУ, односно 45%.

Ако на таа бројка се додадат и протераните Срби, Македонци, Албанци и Босанци, се добива бројка од 63% протерани кои по потекло се од Европа.

Се работи за лица без живеалиште, невработени и/ли лица кои извршиле кривично дело.

На прво место меѓу протераните е Словачка со 600 лица, потоа Србија, Унгарија и Романија, па дури потоа Нигеријците, Грузијците и Авганистанците.

- Реклама -