Во 2018-та Дрисла горела медицински отпад по 14 часа на ден, 365 дена во годината

Дрисла и во 2018 година продолжила со истиот тренд на согорување медицински отпад, и покрај забраната за ограничување на работата на депонијата, пишува Радио Слободна Европа. Притоа, количините на согорениот медицински отпад во депонијата во ниту една година не се совпаѓаат со пријавените количини од страна на здравствените институции.

Забраната и ограничувањето поради застарениот филтер не ја спречило Дрисла и во 2018-та да изгори речиси иста количина отпад како и во 2017-та и 2016-та. Вкупно биле согорени 989 тони медицински отпад, вклучувајќи ги 217.086-те килограми од компаниите и институциите кои сами вршат достава во депонијата. Што значи дека:

– Ако се има во предвид дека капацитетот на печката е да согорува околу 200 килограми медицински отпад на час, т.е. максимум 3 тони дневно, излегува дека Дрисла согорувала отпад по 14 часа дневно, 365 дена во годината.
– Ако се пресметаат и празниците и викендите кои обично се неработни, излегува дека печката во Дрисла работела по околу 20 часа дневно.

Во овие пресметки не се вклучени деновите од јануари до април во кои депонијата, до поставувањето на новиот филтер, требаше да работи само 8 часа дневно или воопшто да не работи во деновите со алармантно загадување на воздухот.

Колку заработила Дрисла од своето турбо работење? Тоа и уште многу повеќе загрижувачки информации прочитајте во текстот „ДРИСЛА: ЗАГАДУВАЊЕ, ПРОФИТ И СУДСКИ ИГРИ“, објавен на Радио Слободна Европа.

- Реклама -