Најстариот народ на Балканот: Македонците, Србите, Албанците, Хрватите, Бошњаците или Црногорците?

Освестувачки принтскрин се врти на друштвените мрежи во регионов. Во него се собрани наслови од статии на интернет порталите на нашево балканско поднебје, на тема „најстар народ“ на Балканот и/ли Европа.

Реално, нема ни потреба да се читаат самите статии. Од самиот збир наслови станува јасно – сите сме најстар народ на Балканот. Или е тоа, или сите до еден имаме пуста желба да сме најстар народ на Балканот. Во реалноста, пак, се поставува едно друго прашање: Важно ли е кој е најстариот?

ПС. Фотографијата е од Ново Село, направена некаде пред 1926 година.

- Реклама -