Рекламата на Gillette ги налути мажите, повикуваат на бојкот (ВИДЕО)

Дел од мажите, барем на друштвените мрежи, се разочарани, навредени и лути поради новата реклама на Gillette, која е инспирирана од #МеТоо движењето и повикува на реедукација на мажите, особено на најмладите, со цел искоренување на „токсичната машкост“.

Во рекламата, Gillette ги адресира сексизмот, сексуалното вознемирување и сексуалното насилство, повикувајќи ги мажите да го покажат најдоброто од себе и да истапат против таквите испади на „токсичност“. „Ние веруваме во она најдоброто во мажите“, гласи пораката.

Меѓутоа, рекламата наиде на многу критики бидејќи „ја навредила својата корисничка база“ (за потсетување, Gillette произведува, пред сé, жилети, бричеви и козметика за мажи):

„Само што влеговме во 2019-та, а компанијата веќе почна да им набива сексизам на мажите. Gilllette стана левичарска компанија полна со предрасуди, која своите корисници ги нарекува сексисти“, се вели во коментар на Твитер.

Меѓу критичарите се најде и популарниот британски водител Пирс Морган, кој во најгледаната британска утринска емисија „Good Morning, Britain“, порача дека веќе нема да ги користи производите на брендот. „Тоа што сум маж не ме прави лоша личност по дифолт“, порача отприлика Морган, а неговата изјава набрзо на друштвените мрежи прерасна во повик за општ бојкот на Gillette.

Од друга страна, има и такви што ја бранат кампањата. „Ова не е анти-машка кампања, туку кампања која повикува да се почитуваме меѓусебно“… „Вашите коментари покажуваат дека ваквата кампања е нужно потребна“, велат дел од коментарите.

Се разбира, има и такви што не така лесно пламнуваат: „Прав маж нема да се навреди поради некоја си таму реклама. Бричи ли (производот)? Бричи. Тоа е важното“.

Други ја свртеа накај шега: „Како и секој прав маж, јас за бричење ја преферирам својата секира. Следствено, Gillette ги разбесни само метросексуалните корисници на тримери за обравчиња, па затоа ве молам да го тргнете ова ‘мажи’ од насловот“.

Дебатата на „Good Morning, Britain“, меѓутоа, беше далеку пожестока:

- Реклама -