Мицкоски: Ќе направам сé за да си ја вратиме Македонија, а дали ќе успеам – не знам (ВИДЕО)

На обраќањето до демонстрантите пред Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, уште еднаш ги посочи, според него, катастрофалните политики на Владата и безобразното тргување со националните интереси и името и идентитетот што го прави Зоран Заев.

Мицкоски повика да не се злоупотребуваат имињата на странските амбасадори и „нашите американски пријатели“, порачувајќи дека тоа е само маска на единствениот „трговец“ заслужен за ваквата ситуација – а тоа, посочи, е единствено Зоран Заев.

„Срцето се кине кога се витка кичмата, кичмата на татковината. Но тоа им е целта. Затоа главите горе“, порача Мицкоски, повикувајќи на обединување за да се зачува тоа што се може, но и за да осамне „нова зора“, во која тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат сé за Договорот со Грција да не се случи, но и да го вратат она што „сега безобразно се распродава“. „Дали ќе успеам – не знам“, порача Мицкоски, но вети дека со помош на народот ќе ја искористи секоја можност и секоја прилика за во тоа да успее, не затоа што не ја сака Европската унија, туку затоа што ја сака Македонија.

„Хартија трпи сé, но нашата татковина била, е, и ќе остане Република Македонија“, порача тој.

- Реклама -