Ferrari FF со стаклен покрив

Италијанскиот специјалист за спортски автомобилски изданија Ferrari го избра салонот во Париз за да ја претстави новата опција за својата ѕверка – FF. Моделот веќе може да се нарача со специјален панорамски покрив од рефлективно и непропустливо стакло.

Според претставниците на Ferrari оваа опција ќе им овозможи на возачите „да доживеат исто чувство како при управување на возило со спуштен покрив, но во исто време ќе се користи предноста на стандардниот затворен модел“.

Новата верзија на Ferrari FF останува со истиот 6,3 литарски, 12-цилиндерски мотор со моќност од 660 КС, 683 Nm вртежен момент и 7-степен роботизиран менувач со двојнa кохезија. Од 0 до 100 km/h возилото забрзува за 3,7 секуди, а максималната брзина му е 335 km/h.

Освен тоа, во Париз италијанската компанија ja претставува и конструкцијата која ќе биде користена за новата супер креација, наследникот на моделот Enzo. Во развојот на монококот учествувале експерти од тимот на Ferrari во Формула 1, меѓу кои е и Рори Брн, човекот што ги создаде болидите со кои Михаел Шумахер ги освои титулите со Ferrari и Benetton.

Од италијанскиот производител тврдат дека новата конструкција е за 20% полесна и 27% поцврста од онаа на актуелната верзија на Enzo. Во нејзиниот долен дел има плочи од кевлар, што ги штитат покревките елементи.

Иако монококот е полесен, новиот модел ќе тежи точно толку колку и Enzo. Причината е тоа што новиот модел ќе се потпира на хибриден погон и ќе треба да носи тешки батерии. Моќноста на возилото ќе биде околу 920 КС „извлечени“ од 7,3 литарскиот V12 мотор, електромотор и систем за обновување на енергијата KERS.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -