Ексклузивно: Најпосакуваниот за 2019-та – календарот со Коста Бургов (free download)

Денеска напладне редакцијата на 365.com.mk доби пријатно изненадување. Коста Бургов 13-та година по ред (тој ги броел) ни испрати (нас и на, претпоставуваме, 150 други портали) календар за новата 2019-та година.

Календарот е изработен во Фотош… овај, во соработка со „Фото Виолета“ и е бесплатен за симнување: десен клик на сликата, па потоа кликнете на „save image as“.

Коста ни го испраќа со желба календарот да ги краси сите домови и да им донесе среќа и божји берикет. Оваа година календарот е нешто поразличен, вели тој, „од убавиците на Викторија Сикретс“ (мисли на Victoria’s Secret, да не се збуните).

Повелете календарот. Резолуцијата не му е баш сјајна и месеците/деновите практично и не се читаат, ама не е важно. Важно се гледа Коста Бургов.

- Реклама -