Кој го сликаше Груевски во Будимпешта? „Аха, те фатив!“

Според унгарски „Индекс“, фотографијата која вчера ги преплави медиумите, а наводно го прикажува Груевски во Будимпешта по добивањето азил, е направена од британскиот новинар Даниел Нолан – кој живее во Будимпешта, номиниран за специјалната награда на European Press Prize во 2016-та и добитник на Foreign Press Award за 2018-та и соработува со неколку големи светски медиуми како Deutsche Welle, Vice, The Guardian и др. За жал, пишува новинарот на „Индекс“, фотографијата нема доволно острина за со апсолутна сигурност да се тврди дека тоа е навистина Груевски, но „човекот навистина личи на него, а и имаме претстава каде би можел да јаде“.

„Индекс“ го цитира твитот на Нолан објавен вчера во 17:51 часот, во кој фотографијата од Груевски е објавена со зборовите:

„Аха, те фатив! Бегалецот екс-премиер на Македонија – Никола Груевски, забележан во Будимпешта!“

Чудно е, меѓутоа, што фотографијата вчера беше објавена и на македонскиот Твитер профил „Сплинтер“, но во 17:18 часот, 33 минути порано од Ден Нолан. Погледнете ги времињата на објавување под самите твитови:

- Реклама -