Opel го претстави Adam во Париз

Ѕвезда на штандот на Opel за време на салонот во Париз е атрактивниот нов мал модел Adam. Тривратниот модел ќе им понуди на идните корисници импресивен сет можности за персонализација, а точната бројка што ја наведуваат од компанијата е еден милион. Основните нивоа на опременост се JAM, GLAM и SLAM.

Компактниот автомобил, дело на дизајнерот Марк Адамс, ќе биде лансиран на пазарот во почетокот на следната година, а ќе се нуди со избор меѓу три ecoFLEX четирицилиндерски мотори: 1,2-литарски со 70 КС и два 1,4-литарски со 87 и 100 коњски сили.

Како опција, секој од нив ќе може да биде комбиниран со автоматски систем за заштеда на гориво Start / Stop и ќе биде во спрега со петстепен рачен менувач.

Adam, кој е со должина од 3,7 метри и ширина 1,72 метри, ќе може да биде опремен со системот за полуавтоматско паркирање Advanced Park Assist II, а во стандардната опрема на моделот се вклучени електронска стабилизирачка програма, систем за помош на поаѓање на угорници и друго.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -