Поранешен нацистички чувар на судење: Не знаев дека во логорот убиваат луѓе

Судот во Минстер го товари 94-годишниот Johan Rehbogen по неколку стотина точки за соучество во убиството на илјадници луѓе за време на Втората светска војна. Јохан бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф (Stutthof), кој бил изграден по инвазијата на Полска во отсечена, влажна и пошумена област во близина на малиот град Sztutowo, а првично наменет за полските лидери и интелектуалци.

На судењето, некогашниот чувар наведе дека знаел дека луѓето во кампот умираат, но не знаел дека биле убивани. Тој рече дека знаел дека условите во логорот се лоши, но дека мислел дека луѓето умираат од „болести и епидемија“.

Во соопштението, кое пред судот го прочита неговиот адвокат, Rehbogen вели дека не знаел многу околу „структурата внатре во логорот“. „Ми кажаа кое место да го заземам и јас послушав“, вели обвинетиот.

Обвинителството го товари за соучество бидејќи помогнал во работата на логорот. Во гасните комори на Штутхоф се убиени повеќе од 60.000 луѓе.

- Реклама -