Мароканскиот крал заспа на говорот на Макрон, реакцијата на Трамп… прајслес (ВИДЕО)

Свечена церемонија во Париз на која се одбележуваат 100 години од крајот на Првата светска војна и на која присуствуваат сите светски лидери, а баш во моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон држи емотивен говор, не е идеалното место да задремете. Уште помалку идеално е на таков настан да задремете на две места од актуелниот американски претседател. Но баш тоа му се случи на мароканскиот крал Мухамед VI, кој освен од камерите беше „уловен“ и од самиот Доналд Трамп. Реакцијата е пресмешна, а на социјалните мрежи веќе прераснува во ново меме.

- Реклама -