BMW со две нови модификации на Серија 7

BMW ќе ја прошири палетата на Серија 7 со две нови модификации. Едната ќе биде развиена од одделот M Performance, а втората ќе располага со четирицилиндерски мотор со зафатнина од 2,0 литри.

Бензински турбо мотор со моќнос од 245 КС ќе биде дел од хибриден систем, во комбинација со електромотор, кој ќе помага за подобро забрзување на седанот. Се очекува оваа модификација да добие името 728i.

Сличен агрегат се користи и во хибридната Audi A8. Таму 2,0 литарски бензински турбо мотор е со моќност од 211 КС во комбинација со електричен, со моќност од  54 kW и комплет литиум-јонски батерии.

„Седумката“ од семејството M Performance ќе се вика M750i. Таа ќе располага со 4,4 литарски твин-турбо мотор V8, со 450 КС и систем за погон на сите четири тркала xDrive, кој ќе се нуди како дополнителна опција.

Од стандардната BMW 750i, новата верзија ќе се разликува по доработената шасија, подобро управување и поагресивен изглед.

Се очекува во текот на следната генерација на Серија 7, за околу 3-4 години, да се појави и модификација М770i xDrive. Кај неа ќе се користи карбон за правење на голем дел од каросеријата, а освен тоа, ќе има нов тип на спортски седишта, карбон-керамички сопирачки, нов издувен систем и 20-инчни тркала. Погонот ќе биде доделен на 4.0 литарски твин-турбо мотор со моќност од 475 КС и 650 Nm вртежен момент.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -