Американците лути: Доналд Трамп го фрла чадорот по употреба? (ВИДЕО)

Американската јавност уште од првиот ден е параноична околу сé што ќе направи Трамп, ама па и Трамп редовно се грижи да им достави „муниција“. Овојпат тоа е видео клип кој покажува како американскиот претседател, при влегувањето во претседателскиот авион, наместо да го затвори, ноншалантно го испушта чадорот да се тркала пред вратата, оставајќи го на милост и немилост на ветрот.

По социјалните мрежи веднаш стигнаа до заклучокот дека Трамп не знае да затвори чадор, па затоа само го оставил пред вратата. Други веднаш го искористија чадорот за разни аналогии со оцрнувачки осврт кон Трамп; на пример:

Други беа нешто поблаги, истакнувајќи дека иако се работи само за обичен чадор, безгрижноста на Трамп во случајов многу говори за тоа каков е тој како човек, па и како се однесува кон луѓето.

- Реклама -