Куче глумело дека е бездомник за да го ранат со сендвичи од Мекдоналдс (ВИДЕО)

Во овој лажен свет веќе на никој не може да му се верува… Куче со неодоливо тажен поглед и понизна фацка мамело клиенти пред McDonalds во Оклахома сити за да го хранат со сендвичи.

Наивните клиенти кои често ја гледале кучката Принцес околу ресторанот за брза храна, сé уште ќе мислеа дека е бездомник, ако не ја издадеше нејзината газдарица Бетси Рејес:

„Ако ми го видите кучето околу Мекдоналдс, престанете да го храните дебелиот ѝ газ, бидејќи е непослушна и цело време бега од дома и оди до Мекдоналдс среде ноќ. Таа дури не е ни бездомник. Таа едноставно е кучка спонзоруша која се преправа дека е бездомник за луѓето да ја сожалуваат и да ја хранат со бургери“, пишува Рејес на Фејсбук.

Ај што јавно ја искара, ама газдарицата го објави и видеото од моментот кога ја фатила Принцес на дело како глуми лудило и јаде сендвичи на недолжни добронамерници:

А еве го и моментот кога Рејес ја собира Принцес од местото на злосторот:

Интересно е што, според реакциите, луѓево по социјалните мрежи како сепак да се на страната на Принцес.

- Реклама -