Курц во официјална посета, развеано погрешно знаме

Фото А1ОН

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во официјална посета на нашата земја.

Пред Владата беше развеано знаме што требало да биде австриско, но австриското знаме е поделено на три еднакви хоризонтални делови од кои двата надворешни се црвени, а едниот внатрешен е бел.

Развеаното знаме има помал правоаголник на средина и наликува на латвиското, но според познавачите на знамињата, латвиското е со темна црвена боја.

Реакција од владиниот протокол сè уште нема.

- Реклама -