Ракетен напад за време на говор на авганистанскиот претседател

Утрово во Кабул биле испукани 12 ракети кон претседателската палата во Кабул.

Во тоа време, претседателот Ашраф Гани држел говор по повод празникот Курбан Бајрам.

Засега нема информации дали има човечки жртви или повредени во нападот.

По нападот, Гани кажал дека не постојат ракетни напади кои ќе го спречат Авганистан.

Неколку мигови подоцна цел на ракетен напад била и американската амбасада.

- Реклама -