Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ поделен околу ставот за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ вчера имаа состанок на Извршниот комитет, но и после тоа немаат конкретен став околу референдумот.

Но, како што стојат работите, опозицијата најверојатно нема да го бојкотира референдумот. Сепак, официјалниот партиски став ќе биде објавен до 10 септември, како што претходно најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Оваа дебата ќе продолжи и денеска на Централен комитет.

- Реклама -