Трагедија во Џенова: Се сруши дел од 100 метри висок надвозник, најмалку десетина загинати (видео)

Неверојатна трагедија во близина на Џенова, северна Италија.

Има најмалку десетина загинати откако се урна дел од околу 200 метри од 100 метри високиот надвозник во склоп на автопатот А-10. Според очевидци, во тој момент на надвозникот минувале најмалку десет автомобили.

Како што пренесува АНСА (италијанска новинска агенција), властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцијата. Надвозникот е граден во ’60-тите од минатиот век, а реконструиран пред две години, во 2016-та.

Извори: Прес 24, МКД.мк

- Реклама -