Ексградоначалникот на Карпош приведен во полициска станица

По претресот во неговиот дом, поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е приведен во полициска станица.

Според неговиот адвокат Виктор Цветковски, се работи за политички напад врз работата на Јакимовски.

Вчера, финансиската полиција влезе во неколку станбени објекти кои припаѓаат на Јакимовски и неговото семејство, барајќи докази за случаи за неправилности во неговата работа при водењето на општината.

Според Јакимовски ова е поврзано со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

Јакимовски рече дека се работи за техничка грешка на службите, а не за криминал бидејќи вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција, и отфрли поврзаност со него. Тој обвини дека ова е политичка одмазад против него, напиша Нова ТВ.

- Реклама -