Фотки на четири охриѓанки осамнале на сајт за лични контакти

Фотографии на четири девојки од Охрид се појавиле на сајт за лични контакти, иако тие мислеле дека ги фотографирале претставници на модна агенција.

МВР поднесе кривична пријава за овој случај против две лица, 29-годишник од Свети Николе и 31-годишник од Охрид. Тие ги убедиле девојките дека се фотографи од модна агенција и дека бараат манекенки, модели и девојки за музички спотови.

Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи. Во текот на оваа година фотографиите и личните податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.

- Реклама -