Бесплатен превоз на велешани до езерото Младост за викенди

Оваа година Градскиот базен за првпат нема да биде пуштен во употреба, со што на голем број велешани им е ускратена можноста за рекреација во топлите летни денови.

Неодамна, лабораториски и микробиолошки испитувања покажаа дека водата во езерото Младост е исправна за капење, па на барање на граѓаните, општината пушта бесплатен автобуски превоз за велешани до најблиското место за летна рекреација.

Секоја сабота и недела, автобусот ќе поаѓа во 10 часот од постојката во населба „Тунел“. Автобусот ќе се движи на релација населба „Тунел“ (постојка „Багремче“) – трговски центар – постојка кај „Сако Трејд“ на улица „Благој Ѓорев“ – постојка спроти Народниот театар „ЈХК-Џинот“- постојка „С’рмаале“ кај јаворот на улица „8-ми Септември“, постојка на улица „Гоце Делчев“ спроти паркингот кај Основен Суд, постојка кај спортската сала „Гемиџии“ на улицата „Алексо Демниевски –Бауман“, постојка „Шорка“ – Брод „Панини“ езеро „Младост“.

Враќањето од езерото „Младост“ е во 18 часот од паркингот кај бродот „Панини“. Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.

Во врска со базенот, пак, ова е прва година, по отворањето во 1979-та, да не е во функција. Ова се должи на кородираната конструкција, поради што базенот е прогласен за небезбеден за капење. Откако е отворен, базенот никогаш не бил реконструиран.

Една од идеите на локалните власти е базенот да се реновира и да се прилагоди и за летна и за зимска употреба.

- Реклама -