Сеад Кочан шест години во затвор

Првообвинетиот во случајот „Труст“, кој го води СЈО, бизнисменот Сеад Кочан, доби затворска казна од 5 години.

Второобвинетиот Василије Авировиќ, кој не беше присутен на изрекувањето на пресудата, доби три години затворска казна, додека третообвинетиот Сафет Ватиќ е ослободен од обвинението.

Во „Труст“ беа обвинети и три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. „Трансмет“ и „Силекс неметали“ се казнети со парична казна од по 2 милиони денари и забрана да учествуваат тендери три години. Ќе им се конфискува имот во вредност на тендерот од 17 милиони евра.

Кочан ќе ја чека правосилноста на пресудата од слобода како и до сега. Од СЈО не побарале притвор затоа што има гаранција во имот дека нема да бега.

- Реклама -