Нападната скопјанка за време на НАТО-прославата

26-годишна жена од Скопје во полицијата пријавила дека вчера, за време на прославата за НАТО во Градскиот парк, била физички нападната.

Според нејзиниот опис на настаните, околу 21:10 часот, непознато машко лице ѝ пристапило и физички ја нападнало.

Скопјанката била со неколку нејзини пријатели и заедно држеле платно со порака, токму пред бината.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

- Реклама -