„Дивите свињи“ ја напуштија пештерата: Сите 12 момчиња се на безбедно!

 

Сите членови на најпознатиот младински фудбалски тим во моментов се на безбедно. 12-те момчиња конечно се спасени, откако поминаа две недели заробени во пештера во северен Тајланд. Денес, на третиот ден од големата меѓународна спасувачка акција, извлечени беа последните четири, како и нивниот тренер кој до самиот крај остана со нив.

Тајландските морнарички „Фоки“ ја потврдија информацијата.

„Сите 12 ‘Диви свињи’ ја напуштија пештерата. Сите се безбедни. Сега ги чекаме уште четворицата нуркачи да излезат“, објавија на официјалниот Фејсбук профил. Се мисли на докторот и тројцата членови на „Фоките“ кои беа заедно со децата во пештерата практично од моментот кога беа лоцирани.

Вкупно 19 нуркачи учествуваа во спасувачката операција.

Момчињата останаа заробени во пештерата на 23 јуни, поради силните сезонски дождови кои им го поплавиле патот за назад. Најдени беа на 2 јули, и иако официјалните лица предупредија дека ќе биде потребно време за да ги извлечат, прогнозите за обилни дождови ја забрзаа работата и официјалните лица донесоа одлука да делуваат што поскоро. Со оглед на исходот – сите живи и здрави, тоа се покажа и како вистинската одлука.

CNN

 

- Реклама -