Одлично темпо на спасувачката акција во Тајланд: Остануваат уште четири!

Спасувачката акција во Тајланд засега напредува одлично.

Додека светските медиуми известуваа за пристигнувањето на петтото спасено момче во болницата, стигнаа вести дека се извлечени уште две.

Во меѓувреме, според очевидци во близина на пештерата, изнесено е и осмото момче од пештерата. Со тоа, бројот на спасени деца денес изнесува четири. Заедно со четирите од неделата, спасени се вкупно осум, пренесува CNN.

Остануваат уште четири, и тренерот.

 

 

- Реклама -