Најстариот син на Тина Тарнер се самоубил

Најстариот син на 78-годишната пејачка Тина Тарнер, Крег Рејмонд (59) е пронајден мртов, а најверојатно се работи за самоубиство.

Неговото тело било пронајдено со прострелна рана, а според типот на повредата, сè укажува дека е во прашање самоубиство. Службите на итната медицинска помош можеле само да констатираат смрт.

Пејачката го родила Крис Рејмонд на своја 18-годишна возраст, а негов биолошки татко е Рејмонд Хил.

Е.Д.

- Реклама -