Мереа, премеруваа, па заклучија: Не постои „нормална“ вагина

Швајцарските научници ја направија најобемната студија досега на темата: „Вагина и нејзините димензии“.

Се собрале учените од кантоналната болница во Луцерн и фатиле да мерат, од внатрешни и надворешни усни, до клиторис, вагинален отвор и перинеум; и така кај 659 жени на возраст од 15 до 84 години.

Многуте варијации во добиените резултати упатуваат само кон еден заклучок, истакнуваат научниците, а тоа е дека „нормална“ вагина не постои. Со други зборови, кои мерки и да ги соопштат за „просек“, тој просек нема да биде застапен кај мнозинството од жените.

Имајќи го тоа на ум, во истражувањето е утврдено дека:

• „просечна“ длабочина на внатрешниот дел од вагината е 43 милиметри, но може да варира од 5 до 100 милиметри.

• „просечната“ длабочина на надворешниот дел изнесува 80 милиметри, но може да варира од 12 до 180 милиметри.

• „просечната“ широчина на клиторисот е 5 милиметри, но може да варира од 1 до 22 милиметри.

• „просечната“ должина на клиторисот е 7 милиметри, ама варира од 0.5 до 34 милиметри.

Значи, кратко речено, кога се работи за димензии на вагини, не постојат стандарди.

Daily Mail

- Реклама -