Француски проблем што Македонија уште долго ќе го нема

Француската демократија достигнува такви нови височини што денеска француските месари побараа од полицијата и министерот за внатрешни работи, физичка заштита од нападите и насилствата на активистите вегани и вегетаријанци.

Проблемот е што сé повеќе се зголемува бројот на активистите кои се екстремни во своето противење на конзумацијата на месо и одгледувањето животни во прехранбени цели, па се обидуваат да го попречат тој процес кај сите можни алки во ланецот на производство на месо.

„Сметаме на вашите услуги и на поддршката на целата влада за, што е можно побрзо, да престанат физичкото, вербалното и моралното насилство кое го трпат месарите“, се наведува во писмото од француската Конфедерација на месарите и одгледувачите на животни во прехранбената индустрија.

Тие сметаат дека е „шокантно“ тоа што овој помал дел од населението сака со сила и принуда да ја наметне својата идеологија и својот начин на живот врз сите останати.

виа Радио Слободна Европа

- Реклама -