Пророкот Стоилов: Имав претчувство дека во полуфинале ќе ни падне француски тим

Ждрепката за полуфиналните двојки на завршницата на Ф-4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн Келн заврши, а Вардар за противник го доби Монпелје.

Веднаш по ждрепката изјава даде и капитенот на „црвено-црните“ – Стојанче Стоилов. Изјавата уште еднаш покажува дека ако Стоилов не беше ракометар, можеше да биде успешен комичар.

„Имав некое чудно чувство дека ќе добиеме француски тим, не знам зошто“, се пошегува капитенот на европскиот првак (сите три клуба освен Вардар се француски, во случај да не знаевте).

„Минатата година бевме утсајдери и беше прекрасно, но сега го браниме трофејот и ситуацијата е малку поинаква. Имаме привилегија и мораме да го браниме трофејот. Искрено пред ждрепката немав посебна желба, сите кои се тука имаат 25 отсто шанси да триумфираат на крајот. Реално сите тимови имаат шанса за трофејот“, изјави Стоилов.

Вториот полуфинален дуел е помеѓу Нант на Кире Лазаров и ПСЖ.

- Реклама -