Претседателот на Уганда: Никако орален секс, устата е за јадење!

Претседателот на Уганда – Јовери Мусевени, најави дека ќе воведе забрана за практикување на орален секс, пренесува Daily Mail. Според него, „устата е за јадење“.

Мусевени тврди дека граѓаните на Уганда се „подбуцнувани“ и охрабрени од „туѓи влијанија“ да практикуваат „орална љубов“, и од тие причини тој сметал дека е нужно да упати јавно предупредување на темата.

„Официјално да ги предупредам нашите сонародници за некои од практиките промовирани од ‘надворешни лица’. Една од нив е таканаречениот ‘орален секс’. Устата е за јадење, а не за секс“, категоричен е африканскиот претседател. „Сите знаеме што значи сексот и каде се извршува“, дополни Мусевени.

Во 2014-та Јовери издаде официјален указ и против хомосексуалноста, со кој практично ги исфрли истополовите односи вон законот. На жителите на Уганда им се заканува доживотен затвор ако се докаже дека имаат врска со партнер од истиот пол. Со истиот тој указ за криминал се смета и одбивањето да се пријави таков случај, доколку граѓаните за таков имаат сознанија.

Токму тогаш, во 2014-та, Мусевени за првпат ја чепна и темата за оралниот секс. Тој, со сета негова „стручност“, истакна дека практикувањето на орален секс може да предизвика зараза со глисти.

„Ако ја ставате устата на погрешна адреса, можете да фатите глисти, кои ќе ви отидат во стомакот“, објасни Мусевени.

На почетокот на годинава, Мусевени го изрази и ставот по една друга тема, која во комбинација со претходниве звучи посебно страшно. Тој изрази жалење што ја укинал смртната казна во земјата… И така, одеднаш, глистите звучат поубаво од било кога…

- Реклама -