Кои се најпопуларни пластични операции меѓу мажите?

Очите на Бред Пит, носот на Том Круз или Џад Лоу, усните на Хари Стајлс, брадата со дупче на Хенри Кавил… Така би изгледало тоа што мажите би го сметале за идеално машко лице, ако се верува на статистиките од пластичните хирурзи.

Мажите кои користат вакви корективни услуги сé почесто доаѓаат со слики на актери и пејачи од чии црти дел сакаат да поседуваат и тие.

Во периодот од 1997 до 2015 година, бројот на козметичките процедури кај мажите е пораснат за 325%, пишува британскиот Daily Mail.

Најбарана операција е корекција на носот, но „посилниот пол“ сé повеќе прибегнува и кон лифтинг на очните капаци, како и инекции во усните.

Првото нешто што мажите го поправаат се очите, велат пластичните хирурзи. Кај очите се најистакнати знаците на стареење. Најпопуларниот модел на очи што мажите сакаат да ги носат се тие на Бред Пит.

Што се однесува до носот, најпосакуван е тој на Том Круз или Џад Лоу. Идеалниот нос, велат експертите, треба да е под агол од 90 степени во однос на лицето, малку зголемен, и да соодветствува на останатите црти. Што се однесува до усните, најбарани се тие на Хари Стајлс или Хенри Кавил, ама популарни се и на Бред Пит и Ченинг Тејтум. Што се однесува до брадата, се бара да е поголема, со поостри црти и почетвртаста, ко на Хенри Кавил.

Зголемениот интерес на мажите кон пластичната хирургија се должи на зголемениот обем на споделување на слики на социјалните мрежи, тренд кој е во постојан пораст, сметаат експертите.

Со тоа се зголемува и притисокот врз мажите да изгледаат помлади. Надворешниот изглед е важен за мажите и при искачувањето на кариерните скалишта.

 

 

- Реклама -